Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно изгаснат од страна на битолските пожарникари со подршка на хрватскиот канадер и два ер трактори на ДЗС, односно со воздушната акција за гаснење на пожарот во атарот на селото Буково, кој беше и опасност и за планината Пелистер.
Канадери и авион испуштаа водени топови во шест наврати и под контрола е ставен пожарот кој избувна вчера кај рекреативната зона “Смолево“ во Битола, а продолжи да се шири кон Буково
Претходно битолските противпожарни сили, вработените во Националниот парк Пелистер Македонски шуми, волонтери и здруженија беа на терен кои состојбата на теренот со пожарот во атарот на селото Буково и кон Стрежевскиот канал ја стабилизираа.






