Денес, четврток, 25 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно со услови за повремен дожд и ретки грмежи. Попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 31 степен. UV=7
Утре, петок, 26 јули во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 33 степени. UV=7