Здрава животна средина низ конкретно делување, зголемена свесност, но и совесност во однесувањето кон се она што не опкружува, се само дел од чекорите кои обезбедуваат еколошки чиста и здрава средина.Во таа насока, а согласно програмските приоритети на градоначалничката на Општина Битола, за зачувување и обновување на животната средина, денес во Битола беше отворен „Еко центар“.-Денес имаме промоција на еко – центарот за млади, она што го имав како градоначалник ветено, а во насока на зголемување на свеста на младите, меѓутоа и на сите граѓани воопшто. Ќе следуваат активности на еко патроли, еко проекти, еко работилници, со кои што на младите ќе им расне свеста за тоа како треба да се грижиме за животната средина, која што опфаќа повеќе сегменти, не само воздухот, кој што најмногу беше третиран во изминатиот период во Општина Битола, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.Во изминатиот период, реализирани се повеќе акции на масовно чистење во соработка на локалната самоуправа со јавните претпријатија и граѓанскиот сектор, како и жителите од местата каде што беа преземени активностите, а во насока на зголемување на свеста за однесувањето на секој од нас во интерес на зачувување на животната средина.-ЈП “Комуналец“ останува отворено за соработка со граѓаните, општината, градоначалничката, институции, НВО и секако соработка со Европската унија. Првата активност на овој еко – центар е всушност посветена на Европската недела на соработка, во која што активност ние предвидовме да го отвориме овој еко центар, со тоа што ќе го потенцираме нашето учество како корисник на финансии на проект од ЕУ, тоа е проектот „Симбиоза“, што го води ЈП Комуналец. Сакам да изразам благодарност и спремност на ЈП Комуналец за учество во други, слични проекти, кои што се веќе во најава, како на пример проектот помеѓу македонската и српската асоцијација на управители со отпад, под покровителство на германски фонд, изјави директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски.Вклучувањето на најмладите во ваквите еко активности, овозможува преку нивна едукација да се поттикне јавноста да го промени својот однос кон природата и животната средина, почитувајќи ги основните еколошки пораки и препораки.На отворањето на “Еко центарот“ беа присутни ученици од основно и средно образование, односно за оние и кои ќе биде наменет.
Во рамките на проектот “Симбиоза“ отворен “Еко центар“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температрурата до 5 степени
- Горната Гимназија на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt” во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
- Кадетите на Еурофарм Пелистер 2 со убедива победа ја завршија годината (фотогалерија)
- Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника
- СВР Битола: две апсења за дрога, “рено“ излетало од пат, фатено лице барано по потерница, физички напад