На 29.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 27 и 29 години, затоа што при преглед на патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, сопственост на едното лице биле пронајдени и одземени пакување со прашкаста материја и банкноти во различни апоени во внатрешноста со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 29.07.2024 на ул.„Таку Димитровски” во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28 годишник од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 26 до 29.07.2024 извршил „тешка кражба“ во објект на правно лице во Битола, при што одзел повеќе предмети. Притоа, во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.






