Press "Enter" to skip to content

Општина Битола за новонастанатата состојба со превозниците

Почитувани,

Битола подолго време е препознатлива  по проблемот со превозот на учениците во основното и средното образование. Не навлегувајќи во проблемите кои биле во минатите години, Општина Битола  последниве месеци  бараше и нуди  начини за надминување  на негативните состојби со превозот на ученици.

По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М.,  учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз. Имајќи ги во предвид обврските на Општината кои произлегуваат од споменатиот закон, според кој Советот на општината е надлежен да ги утврди цените и начинот на организирање на превозот на ученици, за денешната седница на Советот предложи измена на тарифата која се применува во општинскиот линиски превоз и одлука за начинот на организирање на превозот на ученици во линискиот превоз.

Точката на дневен ред беше во функција на разјаснување на толкување на постоечкиот тарифник бидејќи од повеќе аспекти постојат нејаснотии во неговата примена.

Во петокот попладне превозниците доставија писмо со кое не’ информираа дека денес ќе имаат протест во периодот од 9 до 11 часот не споменувајќи дека изутрина нема да ги возат учениците и останатите патници. Во текот на вчерашниот ден во функција на отвореност на општината, беа информирани дека точката од дневен ред ќе биде повлечена. Дополнително утрово истотот им беше потврдено на меил адресите на превозниците.

За жал нивниот избор беше сепак да не возат.

Од овие причини сметаме дека денешниот протест на превозниците е непотребен и неоснован и останува нејасно прашањето кој е мотивот за ваквото однесување на превозниците.

Општина Битола

 

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »