На 24.08.2024 во 22.30 чaсот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица, едното на возраст од 41 година од село Олевени, битолско и 43 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.50 часот во село Олевени пукале од огнено оружје.
Полициски службеници извршиле увид и на местото биле пронајдени седум чаури од пиштолска муниција.
Подоцна, од едното лице бил одземен пиштол калибар 9мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9 мм и чаура.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.






