Во Битола на крстосницата од улицата „21-ва“ и улицата „Васко Каранѓелески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со битолски регистерски таблици сопственост на МВР, а управувано од С.М. (47) и моторцикл „Трува“ со битолски регистерски таблици, управуван од П.Т. (57) од Битола.
Во незгодата 57 годишниот моторциклист, со иницијали П.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.
Се работи на целосно расчистување на случајот.





