На 11.09.2024 во 00.30 часот во СВР Битола, З.К. (48) од с.Кукуречани, битолско, пријавил дека на 10.09.2024 околу 20.00 часот кај место викано „Мал Париз” во Битола бил физички нападнат од две лица, од кои едното употребило и тврд предмет, по што што му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.09.2024, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 38 годишна битолчанка затоа што го нарушила јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 10.09.2024 во 16.00 часот во СВР Битола, Т.Д. (32) и К.Л.Д. (34), двајцата од с.Долно Оризари, битолско, пријавиле дека на ул.„Васко Карангелевски” во Битола биле физички нападнати од четири лица сите од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 09.09.2024 во 22.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30 годишник од с.Белче, демирхисарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „хјундаи“ од село Брусник, битолско и возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.






