На 38 дуќани во Старата битолска чаршија ќе им бидат уредени излозите во рамките на роектот “Ревитализација на излозите старата чаршија“, а за секој дуќан ќе бидат доделени по 100 илјади денари.
Со проектот платичните и металните излози ќе бидат заменети со својот првична изглед да не изгубат од автентичноста. Натписите над дуќаните ќе бидат унифицирани на дрвена платформа, а тендите ќе бодат слични само со различна боја.
Договорите со претставниците на општините беа потпишани со министерот за економија Крешник Бектеши, а покрај Битола, се доделени средства и за Чаир, Центар и Охрид.
Целта на проектот за уредување на излозите во старите чаршии низ државата е враќање на автентичниот изглед на чаршиите, а воедно и нејзино разубавување и привлекување на што поголем број на посетители и туристи, а вкупниот буџет е 16,5 милиони денари.
Општина Битола имат рок од 1 година за имплементација на споменатите активности, а дуќанџиите немаат никаква обврска да партиципираат нивни средства, односно сите средства се обезбедени од страна на Министерството за економија, како и дозволите од надлежните институции одговорни за чаршиите, како што се Министерство за култура и конзерваторските центри.