НУ Завод и музеј- Битола во рамките на партнерскиот проект “Допир на Уметноста”(Touching Art ) поддржан од Културно наследство без граници од БиХ, преку Фондација Ставрос Ниархос, презентираше тактилни копии на предмети во Музејот на Зеница во БиХ. За потребите на проектот беа изработени тактилни копии од двата музеи.
Во рамките на овој проект беа организирани и голем број на посети на културно наследство, работилници со посетители со попречености, слабовиди и слепи лица, во кои беа вкључени стручни лица дефектолози, уметници, едукатори. Учесниците во работилниците беа присутни и во процесот на изработка на копиите.
НУ Завод и музеј во рамките на проектот набави масички и столчиња за работилници.
Доближувањето на културното наследство и музејската поставка до лицата со попреченост институцијата го продолжува и оваа есен за кога се планирани повеќе активности, работилници, проекти, презентации и меѓународна соработка.

Гостување на Н.У. Завод и музеј Битола во Музејот на Зеница “Допир на Уметноста” ( Touching Art )
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен





