Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера (04.10) во близина на  село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода 53 годишник од село Калишта, струшко.При преглед на патничко моторно возило  „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од приведеното лице, биле пронајдени над 50 килограми марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.