Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: малолетен велосипедист тешко повреден, приведени две лица за марихуана и прашкаста материја

На 04.10.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53 годишник удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констаирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 04.10.2024 во 22.25 часот на ул. „4 Ноември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 32 и 39 години, двајцата од Битола. При преглед на едното лице била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.