Press "Enter" to skip to content

Пожар во старите турски гробишта, пожарникарите на лице место (фотогалерија)

Вечерва се опожарени старите турски гробишта кои се наоѓаат во населбата “Ушици“, а со пламен е опфатена целата површина, од Еврејските гробишта,  до пералната “Уно“.Според она што го видивме на самото место гори високата сува трева која со оглед на густината гори во високи пламени.-Редовно секоја година по неколкупати се палат турските гробишта, но тоа го правеше пожарната единица со контролиран оган. Оваа година ниту еднаш не беа запалени, а овде одамна никој и не ја коси тревата, па затоа имаше висока треба која предизвика при горењето и голем пламен. Пожарната единица е тука, и под контрола полека се гасни огнот, велат жителите од населбата “Ушици“.Пожарникарите се тука и го контролираат огнот и не дозволуваат да премине надвор од турските гробишта. Пожарникарите делуваат врз огнот со посебни апарати-дувалки, а на самото место има и пожарникарско возило, кое интервенираше околу едно паркирано возило на тротоар за да дојде до несакани последици.Пожарот е локализиран, а на терен се уште се пожарникарите и возилото, а интервенираат и на страната од улицата “Илинденска“.

More from ВестиMore posts in Вести »