Продожува црната серија на повредени пешаци низ битолските улици, откако беше повредено тригодишно дете на улицата “7-ми Јули“. Овој пат беше повреден 76 годишник од Битола на крстосница.
Во билтенот на МВР е запишани дека вчера во 18,55 часот, било пријавено дека во Битола, на крстосницата со улицата „Прилепска“ и улицата „Борис Баестро“ патничко моторно возило „шкода октавија“ со битолски регистерски таблици управувано од Ц.М. (59) од Битола удрило во пешак Т.С. (76) од Битола.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.