Press "Enter" to skip to content

Топ гол ја прекина серијата од пет победи со реми

Речица – Топ гол 1:1 (1:0)

Во рамките на 7. коло од Првата женска фудбалска лига, екипата на Топ гол одигра нерешено против екипата на Речица. Битолчанки на гостински терен со конечен резултат од 1:1 и покрај водството не успеа да прокнижи нова победа во серија.

Екипата на Топ гол прва дојде во водство со голот кој го постигна Ристевска во 37. Минута и со гол предност заминаа на одмор. Израмнувачкиот погодок за домаќинките го постигна Петковска во 76. минута. До примањето на голот и по него битолските фудбалерки не погодија од изгледни за гол шанси.

-Имавме можност да славиме победа, но по мало невнимание примивме гол во завршниот дел од натпреварот. На овој натпревар за нашата екипа уште еднаш се покажа непишаното правило во фудбалот, дека ако промашиш ќе те казни противникот со гол. Жалиме за неколкуте пропуштени шанси за гол и прекинатата победничка серија од 5 натпревари по ред. Овој период ќе мора да работиме на реализацијата и да се мотивираме за следниот натпревар против Истатов, изјави Теодора Јанковска по натпреварот.

За ЖФК Топ гол настапија: Колевска, Крбалевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Т. Јанкоска, Ристевска, Петровска, Гелевска и Јанковска. Уште играа Талевска, Стојчевска, Миленкова и Митаноска.

Следното 8. коло битолчанки во дербито на колото ја пречекува екипата на Истатов во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »