Победници на меморијалниот кошаркарски турнир кој се одржа вчера во Велес, се кошаркарските ветерани на КК Пелистер.
Покрај нив на турнирот, кој е посветен на починатите кошаркати на Борец, Бранко Ацков и Тони Виларов, настапија и ветерани на Струмица, Борец и Тиквеш.
Тие во финалето ја победија екипата на ветераните од Струмица, а во полуфиналето екипата на Тиквеш.
За МВП кошаркар на турнирот е прогласен Коста Нешковски од Пелистер, а за најатрактивен кошаркар наградата му припадна на Оливер Трајковски.Екипата на Пелистер настапи во следниот состав: Драган Наумовски, Коста Нешковски, Оливер Трајковски, Сашо Марковски, Димитар Богоевски, Никола Николовски, Ѓорѓи Талевски, Сашо Марковски – Штека и Васко Пинзовски.
-За нас на овие натпревари не во прв план резултатот, туку дружењето и сеќавањето на некои заеднички моменти со ветераните од другите клубови со кои сме воделе битки за бодови. Но, мора да се пофалиме и дека не знаеме за пораз, односно тешко некоја екипа да не порази, вели Драган Наумовски.
Инаку, поранешните кошаркари на Пелистер се организирани во здружение и редовно тренираат два пати неделно во малата сала во спорската сала.
С.Р.