Press "Enter" to skip to content

Одлични мотивирачки говори и многу учесници на семинарот за мотивација (фотогалерија)

На семинарот зборуваа д-р Таше Трпчевски од “Плодност“ и  проф. д-р Зендел Абедин Шехи, а беа доделени и посебни благодарници на Наташа Петровска – градоначалник на Битола, “Кромберт и Шуберт“, Сефер Цановски, “Илирика“, Таше Трпчевски и Оливера Наковска-Бикова.Синоќа салата на Народниот театар во Битола беше претесна да ги прими сите битолчани кои сакаат да присуствуваат на бесплатен семинар за мотивација, кој го организира  Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје, под мотото “Пет минути внимание за промена во вашите животи“.Семинарот започна со подравен говор на д-р Зендел Абедин Шехи професот на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје, кој им се заблагодари на сите присутни на семинарот:-Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек. Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација, им порача на битолчани проф. д-р Зендел Абедин Шехи.Мошне мотивирачки говор имаше сопственикот на битолската болница “Плодност“ кој најпрво зборуваше за тоа како тој ја наоѓа својата мотивација сега, за мотивацијата да започне со изградба на болницата, за мотивите за негово доусовршување.Трпчевски зборуваше и како менаџер и сопственик на “Плодност“ за тоа како ги мотивира своите вработени. Тој рече како менаџер дека се водел од едно непишано правило, ако сакаш да бидеш најдобар треба да ги ангажираш најдобрите.Свое обраќање имаше и Сефер Цановски, менаџер на ФОН од Скопје кој зборуваше пред битолчани за мотивацијата која имал на почетокот на својата кошаркарска кариера како млад во кошаркарскиот клуб во Битола,  за мотивацијата да продолжи и покрај големиот број на проблеми кои ги има во менаџирањето на ФОН универзитетот. Цановски посебно се задржа на младите кои треба да најдат мотивација за продолжат со школување, а преку образованието да се пронајдат во општеството.На крај во негов познат стил зборуваше и  д-р Зендел Абедин Шехи професот на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје, како рече за оние кои за прв пат се на еден ваков семинар за мотивација. проф. д-р Зендел Абедин Шехи со неколку примери успеа да ги привлечи вниманието на присутните и да да убеди дека треба секој да најди начин да се мотивира.Претходно на присутните им се обратија и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, претставници на “Кромберт и Шуберт“ и “Илирика“ и Оливера Наковска-Бикова.Домаќин и модератор на семинарот беше асистенот на проф. д-р Зендел Абедин Шехи, Верица Пандиловска. Секој учесник на семинарот доби и сертификат.Инаку, ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вработениот кадар на приватни клиники, хотели, обука на студенти, едукација на просветни работници од образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија, така и во Европа.Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.