Press "Enter" to skip to content

“Водовод“ прослави 90 години постоење (фотогалерија)

Со присуство на вработените, менаџерскиот тим, градоначалничката на Битола, претседателот на Советот, советници, менаџерски тимови на останатите јавни претријатија, деловни партнери, поранешни вработени и голем број на гости, јавното комунално претријатие “Водовод“ денес прослави голем јубилеј, 90 години постоење.За големиот јубилеј, за работењето на ова јавно битолско претријатие, за идните планови зборуваше директорот Горан Козаров, кој рече дека и во иднина сите вработени во ова претријатие ќе се трудат секогаш во домот и на работните места битолчани да имаат здрава вода за пиење, а индустриските капацитети да имаат доволно технолошка вода.-Чест и голема обврска за мене заедно со вработените да обезбедиме квалитетна вода, бидејќи квалитетната вода е живот за битолчани. Секој наш напор е мервил и важен за нашиот успех. 90 години се многу, но ништо не е многу да дадам се од себе, заедно со тимот на вработените во јавното претријатие “Водовод“, да бидеме подобри во годините пред нас. Тоа е најмалку што можеме да направиме за битолчани и за новите генерации, бидејќи водата е магија, а ние сме тука да создадеме нови моменти и спомени, рече директорот на “Водовод“, Горан Козаров.На вработените големиот јубилеј им го честита и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, која имаше емотивно обраќање на прославата, бидејќи како рече посебно е поврзана со ова јавно претпријатие, нејзиниот татко целиот работен век го поминал во ова претријатие и затоа најпрво ги поздрави сите пензионери кои работеле во “Водовод“.-Што сме ние без еден од најважните ресурси, водата. Токму затоа овој ден е значаен не само за работењето на јавното претријатие “Водовод“, туку за сите нас битолчани. Сакам да се заблагодарам на сите вработени за фамилијарната соработка, за соработката со мојот татко, со кој многупати споделувавме што се случува во тоа јавно претријатие и како истото се движи. Можам слободно да тврдам дека станува знот за претпријатие кое навистина работи во интерес на граѓаните. Во оваа прилика сакам да им посакам добро здравје на сите сегашни варботени, ентизијазам и волја да успеат во сите замислени проекти. Да успееме сите заедно бидејќи водата е благодет кој на сите нам ни е потребен, рече градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.По двете обраќања беше прикажан и документарен филм за јавното претријатие “Водовод“ кој е снимен специјално за овој голем јубилеј.На крајот беа доделени благодарници на истакнати вработени во јавното претријатие и на поранешни вработени, сега пензионери, кои во изминатиот период за време на своето работење во “Водовод“ дале придонес во развојот.Благодарници беа доделни и на компании кои блиску се поврзани со работењето на “Водовод“, како “Стрежево“, Центарот за јавно здравство, РЕК “Битола“, Клиничката болница и други.Прославата се одржа во ресторанот “Вила Виста“, а за забавниот дел, кога сите заедно се дружеа, се погрижи групата “Деспина“.

More from ВестиMore posts in Вести »