Press "Enter" to skip to content

Утре ќе се враќаат парите за купените неискористени влезници за Македонија-Турција

Откако голем број на битолчани и граѓани од околните градови иако имаат навреме купено влезници за натпреварот за квалификациите за ЕП, Македонија – Турција, одигран во четвртокот во Битола, не можеа да влезат во салата “Боро Чурлевски“ во Битолал од РК Пелистер пристигна ново известување.

Имено, сите ракометни фанови кои купија карта за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Турција одигран во Битола од утре со почеток од 10:00 до 12:00 часот ќе можат да ги вратат билетите и да им бидат вратени платените средства за купениот билет на билетарницата во спортската сала “Боро Чурлевски“.