Press "Enter" to skip to content

Ловочуварите на “Стрежево“ Битола “уловија“ над 500 метра мрежи на акумулацијата “Стрежево“

На акумулацијата “Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште од страна на рибочуварската служба на ЈП “Стрежево” – Битола се пронајдени и запленети рибарски мрежи, со големи окца, наменети за крупна риба со вкупна должина над 500 метри.

Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, a мрежите се подигнати за понатамошна постапка и кривично гонење на сторителите. Мрежите, во координација со Државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.ЈП “Стрежево“ Битола ги известува граѓаните дека во следниот период, особено пред и за време на претстојните празници, ќе продолжи да врши засилени контроли на акумулацијата “Стрежево“, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби и полицијата.

More from ВестиMore posts in Вести »