Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ракометарите на Еурофарм Работник се регистрираа за е-персонален данок

Ракометарите на Еурофарм Работник денес со внесување на своите лични податоци се регистрираа во системот за е-персонален данок.

Со последните измени во Законот за персонален данок на доход , кој што стапи на сила на 1 јануари годинава, се менува начинот на пријавување на приходите кои ги остваруваат граѓаните и плаќањето на данокот, односно, развиен е нов систем т.н е-Персонален.

Со регистрацијата на ракометарите, сакаат да го доближат до граѓаните како што велат полесниот и посовремен начин на пријавување на приходите.

Сега пријавувањето на приходите и данокот се прави електронски преку системот е-персонален, преку истиот систем сите граѓани кои оствариле приходи во текот на годината електронски ќе ја добиваат пополнетата годишна даночна пријава за остварени приходи и ќе имаат можност истата да ја потврдат и корегираат