Press "Enter" to skip to content

Волонтерска акција на МКЦ Битола во партнерство со СОУ “Таки Даскало“ – Битола

Во рамките на волонтерската акција донирани беа постелнини за потребите на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола изработени од вредните раце на волонтерите средношколци од текстилно-кожарската струка.

Дополнително, волонтерите од угостителско-туристичката струка направија колачиња и прекрасни слатки задоволства кои беа поделени на корисниците на Домот.

Волонтерите се дружеа со старите лица во Домот и собираа рецепти за правење на вкусни јадења од бабите и дедовците, кои ќе бидат објавени во публикација на учениците од графичката струка. Прекрасен ден поминат со старите лица. Нивните задоволни лица беа супер награда и признание за трудот на сите волонтери вклучени во акцијата.

Волонтерската акција е поддржана од општина Битола и Локалниот совет за волонтерство на општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »