Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и претежно тивко, температурата до 9 степени

Денес, среда, 1 јануари, првиот ден во 2015 година, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошките работи времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.

Утре, четврток, 2 јануари, во Битола времето ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.