Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведување по пријава за семејно насилство и кривична за неовластено “вадење“ пари од банкомат

На 31.10.2018 година околу 19,20 часот во Битола,  при преземање на службени дејствија во врска со пријава за семејно насилство, К.А. им упатувал закани по живот на двајца полициски службеници, по што физички ги нападнал. По ова, К.А. бил приведен во Полициска станица Битола и по целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Секторот за внатрешни работи Битола  поднесе кривична пријава против Д.С. (19) од Битола и Х.Б. (23) од Прилеп, за  сторено  кривично дело  „оштетување и  неовластено навлегување во компјутерски систем”.  На 16.02.2018 околу 18,59 часот во Битола, на улица  “Широк Сокак”, од банкомат пријавените од платежна картичка на име Ј.К. подигнале 9.000 денари.    

More from ВестиMore posts in Вести »