Press "Enter" to skip to content

Во тек е пријавувањето за субвенции за печки на пелети и велосипеди

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за печки на пелети и за велосипеди купени од денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.

Средствата што ќе ги надоместува општина Битола се во вредност од 30% од вредноста на печката или системот на пелети, но не повеќе од 20.000 (дваесет илјади) денари.

Средствата што ќе ги надоместува општина Битола се во вредност од 30% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 (три илјади) денари.

Повикот трае од 01.11.2018 до 15.11.2018 година и е објавен на страната на Општина Битола.

Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Битола од денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

More from ВестиMore posts in Вести »