Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: оглас за 18 лица за достава на решенија и покани за данок на имот

Општина Битола, објави  јавен оглас за работно ангажирање на 18 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на  решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање  ќе биде за период февруари/јуни и истите ќе добиваат надоместок по учинок, во износ од 17 денари за решение и 3 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена  од денот на објавување на огласот, заклучно со 24.01.2025год.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Потребната документација и деталите за повикот се објавени на следниот линк

 https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-работно-ангажирање-на-18/