Press "Enter" to skip to content

Фото вест: икона и парична награда за Иван Миовски кој го извади Светиот крст од осветената вода

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Водици.

15 годишниот Иван Миовски кој е ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански“, раскажа за своето прекрасно искуство од учеството на оваа манифестација.

Коњановски, посакувајќи му многу здравје, среќа и успех, го награди младиот Миовски со парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.

More from ВестиMore posts in Вести »