На 22.01.2025 во 00.40 часот во СВР Битола, Ѓ.С. (24) од Битола пријавил дека на ул.„Дарвинова” во Битола бил физички нападнат од лице од с.Горно Оризари, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.01.2025 во 17.25 часот на ул. „Наум Наумовски Борче” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 18.40 часот на ул. „Кланица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 21 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 16.40 часот во СВР Битола, И.Р. (37) од Битола пријавил дека на ул.„16” во Битола, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 22.01.2025 во 17.10 часот во СВР Битола, А.А. (60) од Битола пријавила дека на ул.„16” во Битола била касната од куче скитник.






