Press "Enter" to skip to content

Правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи

Македонското здружение на млади правници во моментов го спроведува проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ во партнерство со Правно информативниот Центар Љубљана, Р. Словенија, а финансиски поддржан од ЕУ.

Целта на овој проект е информирање на жителите во локалните заедници за нивните права и за законските постапки за заштита и остварување на нивните права.

Информирањето се одвива преку организирање на работилници за правно зајакнување и преку поврзување со адвокати и правници од локалната средина.

На работилниците и во директниот контакт со локалните лица, жителите можат да добијат правен совет и поддршка за остварување на своите права.

Сите лица кои сакаат да добијат подетални информации, кои имаат прашања или проблем во врска со своите права, можат да го контактираат Македонското здружение на млади правници  на фејсбук страницатаhttps://www.facebook.com/younglawyersmacedonia/, на меил contact@myla.org.mk или на контакт 02/3220-870.