Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец се претставил како инкасант и ветеринар и извршил две кражби

Лицето С.Ј. (80) од Битола пријавило дека на 3 ноември годинава, лице кое се претставило дека е вработен во ЕВН, му понудил дека наводно ќе му среди да плаќа помали месечни износи за потрошена електрична енергија при што му одзел 40.000 денари.

Истото лице на 6 ноември  околу 12 часот, во стан сопственост на пријавителот на улица “Баталјон Стив Наумов” во Битола, претставувајќи се како ветеринар, кој доаѓа со цел да интервенира по наводна реакција на станарите од зградата на пријавителот му одзел околу 13.000 денари.