Press "Enter" to skip to content

5. Меѓународна научна конференција: современите менаџерски предизвици на “БАС“ (фотогалерија)

На БАС Институтот за менаџмент – Битола денес започна меѓународната научна конференција на тема „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ со предметен фокус „Иновациите и организацискиот развој“.
Ова е петта по ред научна конференција во организација на БАС Институтот за менаџмент – Битола, а гостите на свеченото отворање ги поздрави проф. д-р Цветко  Смилевски, претседател на програмскиот одбор.
-Ова е петта заедничка научна конференција на која годинава има учесници од седум дрќави од регион, а се надевам дека на идната ќе има претставници на уште две земји кои миметално не се со нас, а оваа конференција ќе го има предзнакот конференција на Југоисточна Европа, рече Смилевски во поздравниот говор, посакувајќи им на сите 67 учесници на конференцијата успешна работа и задоволство што овој пат конференцијата е поддржана и од централната и локалната власт.
Меѓународната конференција на БАС ИМ-Битола е поддржана од: Министерство за образование и наука, општина Битола, АД ЕЛЕМ РЕК Битола, Регионална стопанска комора и други партнерски организации. 
Претставникот на Општина Битола, Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола, посакувајќи им успешна работа и убав престој во Битола рече дека би сакал дел од овие трудови на тема “Иновациите и организацискиот развој“ да се применат онаму каде се потребни, во стопанството.
Коорганизатор на Конференцијата е Македонското научно друштво, а претседателот на МНД, вонреден проф. д-р Марјан Танушевски потсети дека денес е меѓународниот ден на науката и дека науката е загарантитрано право на секој.
Танушевски истакна дека оваа е трета научна конференција оваа година на која МНД е коорганизатор и дека ова научно друштво ќе биде коорганизатор и на другите конференции кои ќе ги организира БАС Институтот за менаџмент.
Сите научни трудови кои денес ќе ги образложат 67 учесници ќе бидат испечатени во зборник на меѓународната научна конференција на тема „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ со предметен фокус „Иновациите и организацискиот развој“.
Во име на гостите присутните ги поздрави и проф. д-р Живота Радосавлевиќ, Факултет за стратегиски и оперативен менаџмент-Белград.
С.Ристевски