Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски – назначен за раководител на подрачното Министерство за земјоделие

Со одлука на министерот за за земјоделие, шумарство и водостопанство за нов раководител на  подрачното Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство во Битола е именуван Методија Илиевски, а на фунцијата е назначен на 1 ноемврви.

Илиевски е актуелен советник во Советот на општина Битола  и координатор на советничката група на СДСМ и е магистер по фармерски науки со завршен Факултет за биотехнички науки во Битола.

Илиевски доаѓа на местото на Александар Цуцуловско.