Press "Enter" to skip to content

Работилници за човекови права во Библиотеката

Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада, Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и правниот факултет Кичево по повод денот на човековите права ќе организираат работилници за ученици од основните училишта од Битола.

Работилниците ќе се одржуваат од 11 до 16 декември оваа година.

Целта на работилниците ќе биде запознавање со човековите права, но и да се подигне нивната свест за правото на живеење во здрава средина, право на чист воздух како и сочувување и почитување на природата.

Исто така како еден од човековите права ќе биде застапен и правото на не-дискриминација.

Работилниците ќе се одвиваат на ден 11.12.2017 година ( понеделник) со почеток од 11.00 – 13 часот во Универзитетската Библиотека Св.„Климент Охридски“ – Битола.