Press "Enter" to skip to content

И годинава муфтиството на ИВЗ во Битола со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фото)

Денес, вторник, во Битола, во старата битолска чаршија, битолското муфтиство од Исламската верска заедница од Битола и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, а како и секоа години гостин беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Тие пред присториите на Муфтиството во чест на празникот Рамазан Бајрам со парче баклава ги почастија своите комшии, дуќанџиите од Старата чаршија во Битола, битолчани и сите намерници кои денес се најдоа во Чаршијата.По повод празникот Рамазан Бајрам, муфтијата  Амит Расими, со своите соработници на им беа домаќини на сите битолчани на кои им посакаа добредојде, а битолчани им го честитаа празникот.

Фото: Агим Џело

More from БитолаMore posts in Битола »