Press "Enter" to skip to content

Во ЦЈЗ Битола против грип вакцинирани вкупно 3.736 лица од кои 1.578 бесплатно

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола информира дека вакцинацијата против сезонски грип во Битола веќе втора недела се одвива непречено и без поголеми проблеми.

Обезбедени се доволни количини на вакцини и во проектот “бесплатни вакцини” на Министерството за здравство кои се наменети за лица постари од 65 години со просечна и подпросечна пензија, како и лица кои не примаат пензија, и во делот на вакцини наменети за останати категории на граѓани како: пензионери постари од 65 години со повисока пензија од просечната, како и лица помлади од 65 години со некое хронично заболување.

Првите денови кога почна вакцинацијата заради огромниот интерес  на населението и доаѓање на голем број заинтересирани во исто време, дел од истите беа вакцинирани истиот ден, а дел беа презакажувани во наредните денови.

Нагласуваме, дека ниту едно лице кое дошло кај нас да се вакцинира, не е одбиено.

До денес, заклучно со 14.11.2018 година на ниво на регион вакцинирани се вкупно 3.736 лица од кои 2.158 со плаќање и 1.578 бесплатно.

Планираните 6800 вакцини за оваа сезона 2018/2019 сметаме дека ќе бидат доволни да ги задоволат потребите на сите заинтересирани, и во делот на бесплатните и во делот на вакцините со плаќање.