Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ново трио музичари-намерници на Широк Сокак

Битолчани кои поминаа по Широк Сокак денес на пладне, без разлика дали шетаат или брзаа да завршат некоја работа имаа прилика да слушаат музика од нови музичари кои до сега, како ни рекоа, не биле тука.

Триото музичари, намерници, во Битола со убавата музика ги забавуваа битолчани, кои пак во знак на благодарност во кутијата од гитарата му оставаа по некој денар како награда.

Новото трио беше составено од двајца музичари кои свиреа на гитара и тарабука и еден пејач, но не знаеме дали се задоволни од финансиската награда од битолчани и во кој правец ќе продолжат.