-Денес во Битола со полагање цвеќе на споменикот во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник, беше оддадена почит на загинатите Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски во 2001 година кај Вејце.
Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, загинаа во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година.
Денеска со положување на свежо цвеќе пред споменикот на СВР Битола и споменикот “Анѓел“ кај градскиот часовник полициска делегација од СВР Битола предводена од вачалникот Сашо Мирчески и претставниците на полицијата од СВР Битола.
Цвеќе положија и делегации од преставници од БЈБ, АРМ, Министерство за одбрана, здруженија на воени ветерани, резервисти, воени инвалиди, соборците, преставници од синдикатите на полицијата, градоначалници, советници, политички партии, ИПА Битола, полициски службеници од СВР Битола.
Секако на споменикот се поклонија и положија цвеќе и семејствата на загинатите, и оддадоа почит кон прерано починатите колеги, браќа, другари, пријатели, познаници…
Исто, така денеска кај село Вејце,тетовско преставници од СВР Битола оддадоа почит на местото на загинувањето на своите колеги.
Делегации од полициски службеници положија цвеќе и ја спомениците во битолските села Ивањевци, Породин, Долно Оризари и Горно Оризари.

Одбележани 24 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
More from ВестиMore posts in Вести »
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победи на гостувањето во Новаци
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023





