Управителот на ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид и технички прием на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга.
Во соработка со изведувачот на работните активности утврдено е дека проектот се наоѓа во завршна фаза, а целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец.
Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски посетители, овозможувајќи модерни и обновени услови за престој и одмор.

ЕСМ Молика: во завршна фаза е реконструкцијата на авто-кампот “Ливадишта“
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)





