“Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“- Скопје одржи еднодневен семинар за комуникација, кој се одржа во малата сала на Центарот за култура во Битола.
Ова беше втор по ред успешниот семинар за “Мотивација“ кој “ЕУ ИНСТИТУТ“ за брзо време го организира во Битола за кој битолчани покажаа голем интерес.
Овојпат претседателот и основач на институтот проф. д-р Зендел Абедин Шехи и неговиот тим реализираат едукација за комуникација.
Проф. д-р Зендел Абедин Шехи со своите едукации за вербална и невербална комуникација успеа да го задржи врниманието на присутните повеќе од два часа, а со своите предавања, кои дел ги одржа и практично, како рекоа присутните успеа да ги научи на некои правила.
Присутните на крајот од предавањето рекоа дека ова е ретко успешна едукација, а она што го научија во текот на едукацијата ќе го прифатат на професионален план, а некои работи ќе ги применат и во животот.
По едукацијата за комуникација на проф. д-р Зендел Абедин Шехи, неговиот асистент Верица Пандиловска одржа предавање за писмена комуникација, посебно за елекронска деловна комуникација.
Секој учесник на семинарот доби сертификат.
Инаку, месец ноември е месец на едукации, па со самото тоа котизацијата по учесник на оваа тема комуникација е со неверојатен попуст од 70%, односно цената изнесува само 700 денари по учесник. Секој учесник на крајот на обуката добива СЕРТИФИКАТ потпишан од претседателот на институтот.
Добредојдени се сите заинтересирани кои сакаат да научат да комуницираат во средината во која што учат, работат и живеат.






