Press "Enter" to skip to content

“Креативен Ден 2025“ претставување на учесниците од средни стручни училишта од областа на модата и текстилот

-“Креативен ден 2025“ во Битола е четири години поддршка за модните таленти и образованието.

На овој уникатен настан “Креативен ден“ учествуваат сите средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти и е прослава на младинската креативност и модниот образовен сектор во Македонија. Организирано од продукција “Божиловиќ“, која оваа година слави 20 години од своето постоење, настанот ги обединува сите средни модно-текстилни училишта од државата, со нивните професори и ученици.Весна Божиловиќ за овој голем настан за кој подготовките се во полн ек кажа:

-На овој уникатен настан учествуваат сите средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти.

СОУ “Нико Нестор“ од  Струга од кое ни доаѓаа тимот составен од директор Кети Јанкоска и професорите Славица Негриеска, Јасна Мојсовска и Наташа Дабеска. Модел ќе биде Маријана Мартиноска и Тодоровска. Ученици се Имјанка Бајрамоска, Анифа Руфатоска, Лејла Мемишоска и Мелиса Лутишоска.

За нивното учество изјавија:

-Улогата е промоција на училиштето и текстилната струка. Учеството во оваа прослава значи ново искуство, размена на идеи со други учесници од други училишта и можност да се претстават учениците од текстилната струка пред пошироката јавност. Ги подготвуваме и теоретски и практично и овие воннаставни активности се добри за нивниот професионален развој од повеќе аспекти интеракција, размена на искуства, размена на идеи, доближување до бизнис секторот како можност за нивно идно вработување, поголема самодоверба и дружење со други учесници.

Соработка помегу бизнис секторот и училиштето е солидна од причина што преку задолжителниот предмет учење преку работа кај работодавач имаат можност да го научат целиот процес на изработка на облека во индустриски услови а воедно и можност за нивно идно вработување. Ова го поткрепуваме со доказ бидејки нашите ученици после завршување на средното образование засноваат работен однос со бизнис секторот од текстилна струка.