Press "Enter" to skip to content

400 деца го одбележаа Денот на детето со песна, танци и силни пораки (фотогалерија)

Синоќа во преполна сала во Народниот театар -Битола се одржа настан по повод одбележувањето на двата значајни датума за децата, 19 ноември – Светски ден за превенција на детската злоупотреба и 20 ноември – Меѓународниот ден на детето.Организатор на овој настан како и секоја година по 17 пат по ред беше Центарот  за човекови права „АМОС“, предводен од д-р Сашо Кочанковски и Билјана Бејковска.Многу деца, ученици заедно со своите наставнички со различно подготвени настапи ја исполнија салата со песна, танц, силни пораки за мир, ненасилство, здравје, образование, здрава храна.  Можеа да се видат различно облечени деца кој возбудено го чекаа својот ред за настап, а меѓу нив имаше штрумфови, цигани, современи танци…Музика и песни од најразлични жанрови и теми. Сите беа испратени со аплаузи од публиката во која имаше родители, наставници, деца…На сцената продефилираа околу 400 деца од сите основни училишта во Битола, танцови клубови “Step up“, “Expose“ и училишта за странски јазици “Лексика Нова Битола“.Свое учество имаа и децата од проектот „Гласно да говориме против родово-базирано насилство“, поддржан од Општина Битола.Атмосферата ви ја доловуваме низ фотографии…

Ж.Ристевска

 

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »