-Велчо Петровски – Папал од Битола авантурист по природа со своето “фиќо“ застава 750 заминал на европска турнеја далечната 1972 година кога беше незамисливо со возило кое достигнува 90 км на час да се пропатува скоро цела Европа.
-Папало како го знаат битолчани е урбан лик оригинален, инвентивен. Сестран, креативен, оригинален. Битолчани го знаат како голем пријател и духовит човек со посебна смисла за хумор. Допринел за градот на Битола на многу начини со својата работа.
-Аранжер на излози, музичар, организатор на првите маскенбали во Битола.
-Сопственик на “Папал Дизајн“ фирмата за аранжирање на излози и светлечки реклами.
Велчо Петровски Папало со своите, некогаш и предверемени идеи, ја разубавувал Битола со уредени и осветлени излози, со оригинални идеи за рекламни паноа. Фирмата „Папал дизајн“ се уште е сместена во улицата „Кај ѕвончарите“, денес тоа е местото собиралиште на многу битолчани, не само муштерии туку боеми, градски луѓе кои сакаат да разменат збор два со духовитиот со секогаш подготвен за песна Велчо Петровски – Папал. Денес таму ги поминува пензионерските денови.
Тука го направивме разговорот низ кој се присеќава на своето “фиќо“ со регистарски таблици БТ- 233-53 и сакаше да ни ја раскаже приказната за авантурата со неговото “фиќо“ и турнејата низ Европа, која ја направи далечната 1972 година со наслов “Кога крфиците ќе удрат в глава“.
Кажете ни како се започна
-Крфиците удрија во главата“, се подготвувам за европска турнеја со моето “фиќо“. Морам да кажам дека тешко ми беше да најдам партнер за турата. Но, идејата ми ја поддржува и прифаќа Душко брат на Коче Папата, газда на “106 радио“. Се тргнува од Битола и прва дестинација Белград. Пред тргнување се разбира се обезбедуваат студентски легитимации за престој во студентските домови. Но прв проблем се јавува во Белград, се менува во сервис еластичен зглоб за Фичото.
Белград- Будимпешта
-Се размислува за второто продолжение, а тоа е Будимпешта, во ноќните сати се врват мостовите на Дунав и се престојува во студентскиот дом за симболични пари.
Второ продолжение Братислава
-Црвениот пасош на СФРЈ е признат насекаде во Европа и немаме проблем. Во Чешка Братислава престојуваме во студентските домови.
Која беше ваша следна дестинација?
Следна дестинација Виена. На автопатот ме среќава сограѓанин кој е изненаден од нашиот пат и возење со “фиќото“ до Виена. Воодушевен е и не поканува на гости каз него. “Фиќото“ се паркира пред фолк опера, местото каде се одржува новогодишниот виенски концерт. Тука се престојува неколку денови и се прават планови за наредна тура.
Брно…
-Тоа е местото каде се одржуваат мото кружни трки на европско ниво и таму се престолува неколку дена ни помалку ни повеке во студенски домови. „Крфиците сеуште удираат во глава“ и се размислува каде понатаму.
Следна дестинација Краков
-Почнува да заладува но следната дестинациза е до Краков, Полска. Се врви преминот Чешки – Тешин. Во тоі период се одржуваат демонстрации, Полска е во голема криза. Се менува власта и доата Лех Валенса. Голема сиромаштиза, престоуваме во студенски домови неколку денови. Мојот партнер нема возачка дозвола и целиот пат го возам самиот. Во студенскиот дом се бараат инфомрации да се оди до Советскиот соуз.
Во тоа време не се дозволуа со возило да се влезе во СССР. “Крфиците“ сеуште работаат се одлучува за назад во Битола, од Полска се враќаме кај нашиот сограганин во Виена, каде се расипува полуосовината и кршене на двете “4-ки“ во менувачот. Во сервис во Виена се нема пари, самиот на патот на две талпи го вадам менувачот и барам нови делови. Од механика не разбирам многу, но маката ме научи се. Наогам нови делови, ги спремам, а сето тоа трае 10 денови. Моата фирма „Нова трговија“ со телеграма ја известувам, таа ме разбира, а сето трае 40-тина денови. Почнува да студи, се ставаат вреќи околу нозете и се вози за назад.
За популарното “Фиќо“
-Тоа фико кое беше спуштено за трки, имаше освојувано многу рели трки во Битола и рели на Македониа 1976 година каде се освојува прво место во категориа 750 коњски сили и во останатите категории. Во тој период се наградуваат со нов мотор 850, за него не беше никаков проблем да се патува на турнеи до Солун, Софија, Истанбул и по неколку пати.
The End…
И краот на цела приказна е моето стапување во брак со мојата Софија во 1982 година. Кога таа ми направи филмско, The End.
Како завршува популарното “фиќо“
-Тоа “фиќо“ заврши во дворот, под сливите на улица “Солунска“ 243, но во измената состоба. Предните седиште беа од автобуски седишта, воланот “абарт“ од Италија, амортизерите “кони“ спуштени на предни и задни федери, со рол бар за заштина на рели трки, без задни седишта, кои беа тапацирани за двосед. Сето тоа се раздаде на помладите генерации кои во тоа време го засакаа автомобилизмот. Крајот беше со шлеп служба во битолскиот отпад кај железничката станица, каде кога го сечеја, ме информираа дека од праговите излегуваше морска ситна песок од бугарското море, а од кровот капеше кондензирана пот. Голема благодарност до ангелите кои ме чуваа во тој период – во време- време, минато.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска










