Пред 10 години, Сојузот на синдикатите на Македонија, деновиве, во Охрид на 19-тиот конгрес го избра новото раководство, со реизбор на претседателот Живко Митревски, од Битола кој лидерската функција ја извршува од октомври 2010 година, а него гласаа сите присутни 98 делегати од 17 гранкови синдикати, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во презентирањето на новата програма пред делегатите, Митревски, меѓу другото, истакна дека новото раководство како претставничко тело на работниците, во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците, елиминирање на разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација.
-Бараме и натамошно унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор и безбедни и здрави услови при работа, истакна тогаш Митревски, а овие барања се уште се актуелни и по 10 години.
Митревски нагласи дека ќе се фокусира на потпишување колективни договори на сите нивоа, како во малите и средни претпријатија, така и во големите, во приватниот сектор, како за работниците во тој сектор, така и за вработените во јавнито сектор и администрацијата.
-Бараме обезбедување сигурни работни места, обезбедување траен работен однос, работа на неопределено работно време како предуслов за мирен и спокоен живот. Сигурни плати
за сите работниците, кои ќе обезбедат пристоен живот на работниците и нивните семејства, рече Живко Митревски, првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе настојува на имплементирање протокол за социјален напредок.

Деновиве пред 10 години: Живко Митревски, од Битола реизбран за претседатен на Сојузот на синдикатите на Македонија (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап









