Во овие денови на доцна есен и тмурно, врнежливо време, пријатно место за да го поминете времето со пријателите е градската кафеана во хотелот “Епинал“. Таму во прекрасен амбиент со добра храна и пијалок ќе се опуштите после работните обврски, вечера со пријатели или романтична вечер со саканата личност.
Атмосферата и амбиентот ќе ја надополнува топлината и пламенот од каминот, посебна за прекрасни романтични вечери на сите кои се вљубени или имаат романтична душа да уживаат покрај него.
Градската кафеана отсекогаш била место каде се собирале боемите од нашиот град. Во опуштена атмосфера со добра храна, вино, музика тие водат долги разговори на различни теми, а понекогаш и некој ќе започне песна за душа и седенката ќе се оддлжи до доцни саати.
Затоа менаџерскиот тим се погрижи и за “новиот дизанј“ на Градската кафеана, која сега има топла атмосфера, се во стилот на есента.
Најубавите животни приказни се пренесуваат низ песна. За сите боеми следува месец “Боемски декември“ – месец на вино, забава и одлична музика најавуваат од градската кафеана во хотел “Епинал“.
Во следниот месец со приближување на празниците доживејте го декември – боемски, со позитивна енергија, богато мени и добри музиќки бендови, а ваше е само да направите навреме резервации. Ж. Ристевска

Градската кафеана во есенски дизајн подготвена за “Боемски декември“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Европска ноќ на истражувачи 2026 – науката се среќава со граѓаните
- “Лидл“ денес почнува да гради и втор маркет во Битола
- Во Битола сончеви со повремена облачност, температурата до 20 степени
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала





