Синоќа во анфитеатарот на Тумбекафе во Битола во рамките на “Бит фест“ се одржа “Stand up“ вечер на Бојан Велевски – еден од најпознатите македонски стендап комичари.
Велевски кој рече дека е поврзан со двата града кој најмногу ги “мразат“ битолчани, потекло од Прилеп, роден во Скопје, им се заблагодари на публиката од Битола за поддршката и редовно големата посетеност кога има настапи на разни места низ градот.
Велевски им се претстави на битолчани со нова доза хумор и животни ситуации кои сите ги препознаваме!, а како рече не треба да ја пропуштаме смеата, таа е најдобар лек, а Тумбе кафе е вистинското место за тоа!
Покрај настапот на Велевски во Битола се одржа и СМОТРА #13 – Фестивал на електронска музика кој се одржа во старата битолска чаршија. Настапија ROBOTEK (@robotekovski) – T:ZOBE.
Фестивалот продолжува и денес во Безистен, а ќе има настап на L.O.V.D (dj set + Live) и Мартина Пенева. 

“Stand up“ вечер на Бојан Велевски и “Смотра 13“ соноќа на “Бит фест“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)










