Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски од подрачната единица на МЗШВ во посета на пунковите за откуп на тутун

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски денес излезе на терен во обикилка на откупните пунктови за тутун.

-Целта на оваа обиколка по откупни пукнтови беше да се види реалната состојба на самите пунктови како и какво е расположението на производитрлите за самиот откуп. Ги посетивме Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај, рече раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.

Откупните центри во пелагинискиот регион планирано е да откупат 3.364 тони тутун кои ќе ги предадат земјоделцитете од Пелагонија кои имаат склучени 3.408 со 2.475 евидентни листови, а за поплаките на земјоделците во врска со класите по кои ќе се оркупува тутунот и за цената ќе одлучува формираната на второстепена комисија.