Вечер со почеток во 19,30 часот во Офицерски дом во Битола свечено ќе биде отворена изложбата на фотографии на битолскиот фото-мајстор, Атанас Нашоку – Саку од Битола. Тоа ќе биде ретроспективна изложба која низ објективот на еден сведок, во случајот, битолчанецот Саку, ја раскажува магијата на првите децении на фестивалот “Илинденски денови“. Изложбата е насловена “Фотоспоменар ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 1973–1983“.
Вечерва од 21:00 часот, во Офицерскиот Дом, во рамките на програмата на Битолското културно лето, ќе прозвучи една убава “Класична бајка со Кристијан Антовски“. Бајковитата музичка приказна ќе биде раскажана од оперскиот уметник Кристијан Антовски преку неговата претпознатлива вокална драматика во гласот, заедно со пијанистката Елена Силјановска која ќе го придружува со своите раскошни ноти на пијаното кои секогаш ги носи на еден посебен и специфичен начин. Оваа класична бајка ќе биде спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет, така и од Македонија, како Ш.Гуно, П.И.Чајковски, Г.Ф.Хендл, С. Христиќ, Т. Прокопиев и други.

Фото-изложба на Атанас Нашоку – Саку и “Класична бајка со Кристијан Антовски“ во Офицерски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)










