Press "Enter" to skip to content

Трибина: “Важноста на женското здружување во борбата против родово базираното насилството“

Во просториите на националната установа универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ во Битола вечерва се одржа рибина насловена “Важноста на женското здружување во борбата против родово базираното насилството“.Свое обраќање на трибината имаа:

Татјана Крнчева, претседателката на општински форум на жени на СДСМ, 

Марица Тодоровска, претседателката на општинска унија на жени на ВМРО ДПМНЕ,

Габриела Илиевска, претседателката на општински форум на независна листа ПОИНАКУ 

Елена Димушевска, извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство .Трибината на која присуствуваа голем број на припаднички на понеќниот пол беше во организација на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното
насилство и женските организации (Форуми и Унии). Овие форуми и унии работат во рамки на политичките партии и е една од активностите предвидени во Програмата за соработка помеѓу Националната мрежа и Женските Форуми и Унии на жени.Целта на трибината беше да ја претстават досегашната соработка и постигнатите успеси, како и да се разговара за идните чекори.На трибината ќе бидат презентирани и основните концепти на Истанбулската Конвенција, како и обврските на локалната самоуправа во однос на превенција од насилство и обезбедување на заштита за жените жртви.