Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: за 1.800 денари разбојништво во продавница, во друга провала

На ден 03 декември во Секторот за внатрешни работи Битола пријавено е разбојништво во колонијална продавница на улица “Васко Карангелески во Битола, при што непознат сторител со закана со нож одзел 1.800 денари од касата. Лице које било присутно во колонијалот во обид да го одземе ножот од сторителот, се здобил со повреди. 

На 03 декември во продавница лоцирана во Битола на улица “Прогрес” непознат сторител со тврд предмет го скршил стаклото и одзел еден лап топ , околу 15.000 денари и цигари.

Извршен е  увид и се превземаат мерки за расчистување на разбојништвото и кражбата