Во склоп на мегународниот ден на лицата со посебни потреби денес во клиничка болница Битола беa почестени со една донација од 5 слики од нашиот сограѓанин Коста Ќука.
Господинот Ќука голема благодарност изрази до нашиот стручен директор д-р Жаклина Сирвини за големата поддршка која ја има кон него и неговото семејство.
-Овие прекрасни слики ќе ги красат нашите ходници низ клиниката. Секогаш со восхит ќе подзастануваме со поглед кон нив велат нашите вработени. Изразувам голема благодарност до нашиот сограѓанин Коста Ќука за донацијата од името на сите вработени во клиниката и го поздравуваме со неговиот слоган на сликите СО ЉУБОВ КОСТА ЌУКА ОД СИТЕ НАС, рекоа од Клиничката болница – Битола.






